Обуки

Работилница за основно ниво на Microsoft Word

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство . ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА:

   Покана за работилница на тема основно ниво НА MICROSOFT WORD 20.03.2020  год. во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Работилницата е наменета за вработени, членови на проектни тимови со цел преку стекнатото знаење да станат попродуктивни и да го забрзаат унапредувањето.Лица на кои секојдневните обврски им налагаат работа со компјутер и  ворд. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Работилницата ке се реализира  од страна на експерт- предавач

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА РАБОТИЛНИЦАТА

1.Програма на работилницата

  • Windows oсновни елементи и поими
  • Апликација Microsoft Office
  • Microsoft Word програм
  • Основни поими и елементи во Microsoft Word
  • Менија, алатки и команди во Microsoft Word
  • Работење со документи
  • Форматирање на документи
  • Уредување на документи
  • Именување и сочувување на документи
  • Печатење на документи

 

ДЕЛ 1

Основни елементи и поими во Windows

  • Start копче
  • Работна површина и таскбар
  • Креирање на фолдери
  • Вежба / креирање фолдер

 

Апликација Microsoft Office / Microsoft Word програм

  • Програми во Microsoft Office
  • Употреба на програмите од Microsoft Office
  • Користење на програмот Microsoft Word
  • Вежба / пишување документ

  

Основни поими и елементи во Microsoft Word, менија, алатки и команди

  • Ленти со алатки / статусна линија и информации
  • Користење на основните алатки во Word
  • Содржина на менијата и нивна употреба
  • Вежба / задавање команди од менијата
  • Користење на лентите со алатки – стандардна лента со алатки
  • Вметнување на табели, слики, textbox
  • Вежба / вметнување елементи во документот
  • Пребарувања низ документи
  • Внесување, бришење и вметнување на текст
  • Вежба / корегирање на текст

 

ДЕЛ 2

Работење со документи

  • Подесување на страница и преглед
  • Зумирање, поставување колони во текст
  • Вежба / определување маргини на страницата и подесување
  • Хедер/футер, фусноти
  • Копирање и преместување на текст
  • Вежба / внесување на хедер/футер и фусноти
  • Вежба / копирање и преместување на текст

 

Форматирање на документи

  • Одредување на фонт, големина на фонт
  • Здебелување, искосување на букви
  • Набројување, поставување граници и бои

 

Ориентација на текс

  • Вежба / форматирање на текст
  • Работење со параграфи
  • Уредување и форматирање на параграфи (делови од текст)
  • Вежба / форматирање целосно

 

Уредување на документи

  • Работење со табели и слики
  • Вметнување табела
  • Вметнување слика
  • Вметнување textbox
  • Уредување на вметнатите табели и слики
  • Вежба / вметнување табела и слика во текст и уредување
  • Вежба / уредување на textbox

 

Именување, зачувување и печатење на документи

  • Завршување со работа во документ
  • Именување на документ
  • Сочувување на документ (снимање)
  • Вежба / снимање на документи

 

Печатење на документ и опции за печатење

  • Преглед на документ пред печатење
  • Вежба / печатење на документ

Евалуација на работилницата и предавачите

Прашања и дискусија, Пополнување на евалуациски листи за обуката

Напомена:  За одржување на наставата потребно е секој слушател да има сопствен персонален компјутер со инсталиран WORD минимум 2010 ( доколку не сте во можност тоа да го направите нашите програмери ке го инсталираат програмот)

 

По завршување на работилницата Тренинг центар ЦЕС Ви овозможуваконсалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да нисе обратитеза секое прашање или дилема поврзаносо темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат адресирани на меил адресата trainingcenterces2@gmail.com. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот .

 

Краен рок на доставување на пријавите е 16.03.2020. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • моб.075-225-526
  • моб.078-339-502
  • тел./ ++389 32- 32- 510
  • веб сајт http://www.ces.mk

Обуки

Pages